По повод денот на Денот на Независноста на Република Македонија 8-ми Септември во организација на АК Охрид  ќе се одржи 24-от Меѓународeн Атлетски Маратон Охрид 2009.  На Патеката долга 30 км од караулата кај Св. Наум до Охрид ќе се натпревавруваат околу 100 – на учесници од земји ширум Европа. Во склоп на маратонот ќе се одржи и Вториот Регионален Војнички Атлетски Маратон


На патеката во Охрид ќе се појават минатогодишните победниц во машка конкуренција унгарецот Норберт Персели  и победничката во женска конкуренција  србинката Марина Лукиќ.

 – Кoнкуренцијата од година во година е се поголема, во Охрид ќе трчаат победникот на Скопскиот Маратон, Сретен Нинковиќ како и шпанскиот првак  на 5 и 10 км во 2006 и 2007 Марк Роиг. Конкуренцијата во женска категорија ќе ја предводи  се Лусиа Кимани од Босна и Херцеговина ,иначе Кенијка по потекло – вели Пеце Неданоски преседател на О.О. на маратонот.


Македонските учесници ќе ги предводи Ѓорѓи Трендафилов кој лани заврши како третопласиран,додека во женска конкуренција на стартот ќе се појави победничката на полумаратонот во Скопје, Богдановска Марија.

Стартот е во 10 часот од граничниот столб кај Свети Наум а првите на целта се очекуваат околу 11:30 часот, додека прогласување на победници се очекува да биде од 14:30 до 15:00 часот.

М.Постоловски