Поради брзањето, жените многу малку време посветуваат на себе. Меѓутоа, за убав и свеж изглед доволно е да издвоите неколку минути. Во тоа ќе ви помогнат советите на професионални шминкери.

На лицето нанесете соодветна хидратантна крема, па прикријте ги подочниците со коректор, како и другите неправилности на лицето. Изберете коректор со боја на вашиот тен, бидејќи само така може да го изедначите тенот.

Потоа нанесете течна пудра, најдобро со четка и лесно размачкајте ја со прстите. Ако сакате тенот да добие потемна боја, изберете пудра до две нијанси потемна од тенот, но водете сметка добро да ја размачкате за да не изгледа како маска на лицето.
На внатрешниот агол од окото во цела должина нанесете осветлувач на тенот и добро размачкајте го. На горниот и долниот раб од трепките ставете седефаста бела сенка или моливче, може и во беж или златна нијанса. На крај, нанесете црна маскара во два слоја.

Јаболчниците истакнете ги со руменило во нијанса која највеќе ви одговара. Најдобро е да го ставите со прсти, само внимавајте да не претерате со бојата. Експертите за оваа сезона предлагаат розеви тонови и тонови на праска и корал.

 

извор:zenstvena.com