Победникот на 8. издание на „Охрид трчаТ“, Дарио Ивановски покрај парична награда од 300 евра од организаторот, од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова лето. Ваучерот му го врачи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
„Охрид трчаТ“ беше последна трка на која настапи Дарио пред Европското првенство, по што му следат подготовки за Летните Олимписки игри во Париз.
Во разговор за Охрдљуз тој најави дека е во одлична форма и дека на Олимпијадата очекува да го оствари најдобриот резултат во кариерата.
Дарио Ивановски го очекува најдобриот резултат во кариерата на ЛОИ во Париз
Г.М.
Фото/Видео: А. Момироска