Едно момче кое одлучило да сокрие вреќичка со марихуана под својата капа налетало на еден многу перцептивен полицаец. Полицаецот ја забележал сомнителната пластика која му се гледала под капата и го уапсил момчето. Цезар Лопез(29) наредниот пат повеќе ќе размисли каде ќе ги крие своите дози на марихуана.
Полицаецот во градот Лебанон, 120 километри северозападно од Филаделфија ја забележал сомнителната вреќичка залепена за челото на момчето додека тој купувал во една продавница и погледнувал на горе да види дали е се скриено како што треба. Бил обвинет за поседување на дрога.