Аманда Елберт и нејзиниот свршеник Едвард Л. Вилијамс уапсени се под сомнение дека го напиле 11-месечниот син на Аманда. Биолошкиот татко го одвел 11-месечниот Корбин во полусвесна состојба во болница каде лекарите констатирале дека бебето има 0,118 промили алкохол во крвта.

Дека нешто се случува со детето забележал таткото кој дошол да го земе детето од својата бивша сопруга, 19-годишната Аманда. Бебето го нашол во полусвесна состојба и веднаш го однел во болница каде лекарите откриле дека бебето има 0,118 промили алкохол во крвта.

Мајката на детето која е трудна и нејзиниот свршеник се приведени поради сомнение дека на детето му дале алкохол, затоа што изгледа невозможно само да дошло во контакт со него. Истражителите велат дека Вилијамс признал дека вечерта пиел пиво заедно со еден пријател кој пиел виски. Но како што тврди, детето немало никаков контакт со алкохолот. Мајката тврди дека никој не пие алкохол во близина на нејзиниот син и дека никогаш не направила ништо што би го повредило детето.

„Тој има 11 месеци и никогаш немал ни модринка, никогаш не бил болен и никогаш не бил во болница“ тврди Аманда.

И додека Аманда и Едвард тврдат дека немаат поим како детето дошло до алкохолот и чекаат да дадат изјава пред истражен судија, полицијата го предала Корбин на старателство на биолошкиот татко.

ohridnews