Двајца германски државјани биле притворени во Мексико поради шверцување на кактуси, откако обезбедувањето на аеродромот во нивните куфери пронашло 543 кактуси. Канцеларијата на главниот мексикански обвинител известила дека некои од пронајдените кактуси припаѓале на загрозените врсти.


Обвинителството двете лица ги идентификувало како Харалд Фарбер и Курт Дитрих од Франкфурт. Германската амбасада во Мексико Сити не ја потврдила нивната националности и местото на живеење. Инаку, Мексико е местото каде што растат некои од најзначајните врсти кактуси на светот.