Двајца активисти на движењето за заштита на светските шуми биле уапсени во катедралата во Осло бидејќи за време на службата се соблекле голи и почнале да водат љубов. Полицијата пристигнала на лице место и ги уапсила. Организацијата на која припаѓале носела име „Видете љубов за спас на шумите“. Верниците во црквата го раздвоиле парот и ги задржале до доаѓањето на полицијата, а уапсиле и трето лице кое ја фотографирало случката.


Портпаролот на полицијата потврдил дека во црквата во Осло биле уапсени три лица поради сексуални активности пред олтарот. Уапсените морале да платат мала парична казна или да минат 16 дена во затвор. Ја избрале првата опција бидејќи не сакале да минат толкав временски период без секс. Шведската организација „Водете љубов за спас на шумите“ сака да го сврти вниманието на јавноста на глобалниот проблем со сечењето на шумите преку водење љубов на јавни места.