Рускиот младоженец Роман Г. од Саратов ограбил една продавница со својот кум само неколку часа пред свадбата. Полицијата ги уапсила другарите кои биле под дејство на алкохол. Роман започнал да слави со пријателите неколку часа пред свадбата. Тој и кумот одлучиле да провалат во продавница која се наоѓала наспроти ресторанот во кој седеле.


Го скршиле излогот и влегле внатре. На нивна несреќа биле снимени од надзорните камери. Шокираните минувачи повикале полиција која веднаш ги уапсила. Во затвор поминале само неколку часа. Се извиниле и рекле дека не знаат што им станало. Успеале да ги наговорат полицајците да ги одвезат на свадбата каде трудната невеста го чекала својот младоженец.