Австриската полиција уапсила двајца од напаѓачите осомничени за убиство на романскиот ракометар Маријан Козма соопшти  унгарската полиција.


Напаѓачите, двајца Унгарци, Шандор Рафаел и Џезе Н, се уапсени во текот на вечерта во Австрија, во близина на границата со Унгарија. Од полицијата информираат дека сеуште се трага по третиот осомничен Унгарец, Иван Стојко.

>>Убиен романски ракометар во унгарскиот Веспрем

Исто така, полицијата интензивно истражува кој се учествувал во масовната тепачка на основа на снимка од индустриска камера поставена пред еден бар во Веспрем, туристичко место на езерото Балатон.

ohridnews