Доменико Долче и Стефано Габана се прогласени за виновни поради затајување на данок и се осудени на една година и шест месеци затвор. Иако казните се изречени под двегодишниот минимум сепак ќе треба извесно време да бидат во притвор, јавуваат странските медиуми.

 

Познатите дизајнери се обвинети поради продажба на своите брендови ‘D&G’ и ‘Dolce&Gabbana’ во Луксмебург 2004 година, и тоа како би избегнале плаќање данок во Италија која има даночни стапки кои се меѓу највисоките во светот.