Двајца германци биле уапсени во еден австриски град поради поседување на 500 милиони долари во фалсификувани банкноти. Тоа што најмногу ги издало е фактот што повеќето банкноти биле со апоен од милион долари. на почетокот на следната година судот ќе донесе одлука како ќе ги казни двајцата криминалци.


Биле уапсени пред една година во банка, каде се обиделе да заменат од фалсификуваните банкноти. Полицијата во нивната актовка пронашла фалсификувани банкноти од вкупно 500 милиони долари. Измамниците не биле ниту доволно инвентивни, ниту доволно упатени. Полицијата во текот на истрагата открила дека повеќето банкноти биле од еден долар на кои биле додадени по шест нули.