Кипарската полиција уапсила поради нелегално коцкање 42 жени стари помеѓу 75 и 85 години. Сите се обвинети за учество во нелегални игри на среќа, а биле уапсени при крајот на минатата седмица во една куќа во Лимасол.
полицијата организирала рација после повеќе повици за врева, која жените ја правеле доаѓајќи и заминувајќи од илегалната коцкарница. Во акцијата биле запленети карти, жетони и голема сума на пари. Најстарата уапсена жена имала 95 години.