Џонатан Того, кој имаме прилика да го следиме како Рајан Вулф во серијата CSI Мајами, бил приведен поради насилство во семејството. Полицијата во неговиот дом во Лос Анџелес дошла во околу два часот наутро по караницата со својата девојка.


Наводно кавгата станала насилна, но тоа се уште не е потврдено. По разговорот со сите вмешани во случајот, полицијата го уапсила актерот, а повредите кои ги добила неговата девојка не биле од посеризна природа и не била потребна лекарска помош. Подоцна актерот бил пуштен со кауција од околу 300 илјади евра.