Полицијата уапсила една жена која се обидела да продаде камен од Месечината за 1 200 000 евра. Била разоткриена од детектив од НАСА кој глумел потенцијален купувач. Во САД продажбата на  овие камења е противзаконска бидејќи се сметаат за национално богатство.


Истрагата против оваа жена траела со месеци, а откако ја уапсиле не ја идентификувале веднаш. Со детективот се сретнале во ресторан во југоисточен Лос Анџелес. Полицијата се вмешала откако ја договориле цената и жената го извадила каменот.
Експертите од НАСА ќе го прегледаат за да утврдат дали навистина се работи за камен од Месечината.