Една жена во Саудиска Арабија е уапсена во средата бидејќи го прекршила законот кој на жените им забранува возење. Жената, чија националност и име не се познати, има дваесеттина години, а уапсена е додека се возела во градот Мека. Полицијата соопштила дека жената се обидела да побегне кога сфатила дека ја воочиле полицајците.


„Се обиде да побегне кога го виде полицискиот автомобил, па удри во друг автомобил кој малку го оштети“ – вели полицискиот портпарол Абдул Мушин.

Минатата година повеќе од 125 жени потпишале петиција со која барале да се поништи забраната, но луѓето на високите позиции сметаат дека сеуште не е време за таков потег.