Портпаролот на полицијата во Феникс изјавил дека била уапсена Енџела Давито поради непримерно однесување и напад на полицаец во дворот на својата куќа во предградието на Феникс. Полицијата се појавила на свадбата по повикот за масовна тепачка меѓу сватовите.


сватовите и покрај наредбите на полицијата продолжиле да се тепаат, па полицајците морале да користат солзавец како би ги разделиле. Меѓутоа, гостите потоа станале агресивни кон полицијата, а невестата удрила еден од нив, поради што била уапсена и ќе биде обвинета за напад на полицаец и спречување на истиот во вршењето на службената должност.