Холивудската мадам Мишел Браун признала дека води бизнис со најскапите проститутки на светот. Таа е уапсена за подведување проститутки на актерите, бизнис магнатите, политичарите и други познати личности. Нејзините проститутки, кои претежно се топ модели, холивудски актерки и зајачици на Плејбој за секс наплаќале околу 25 илјади евра. Таа во својата кариера заработила околу 5 милиони евра.


Калифорниските обвинители го откриле софистицираниот ланец на проституција. Таа им наплаќала на клиентите по илјада евра само за да ги погледнат на интернет достапните девојки. За сега не ги открила имињата на клиентите, но нејзиниот адвокат изјавил дека станува збор за многу познати личности. ФБИ ја уапсил кога еден таен агент нарачал девојка од Лос Анџлес во Њујорк. Таа ја придружувала девојката. Кога се разбрало за нејзиното апсење во Холивуд настанала општа паника.