Линдзи Лохан била уапсена во Њујорк под обвинение дека со автомобилот удрила пешак и побегнала од местото на настанот, соопштила полицијата, наведувајќи дека актерката не била под дејство на алкохол. Актерката била уапсена во моментот кога излегувала од еден ноќен клуб на Менхетн.
Таа удрила еден човек додека го паркирала своето црно Порше, и веднаш потоа побегнала, но полицијата ја привела само неколку минути подоцна. Полицијата навела дека за среќа актерката бавно се движела со автомобилот, така да пешакот здобил само полесни повреди на колената.