Ќерката на славниот холивудски актер Ал Пачино била уапсена во Њујорк, поради управување со автомобил во пијана состојба, соопштиле американските агенции.
Полицијата ја сопрела 21-годишната Џули Пачино во саботата, во еден часот по полноќ во Вест Хаустон улицата, на Менхетн, и тогаш и било утврдено повисоко количество алкохол во крвта од дозволеното. Џули сега се наоѓа во притвор каде го чека обвинението.