Група лица се уапсени во Москва, кои подготвувале терористички напад во руската престолнина, известуваат руските медиуми повикувајќи се на извори во Националниот антитерористички комите (НАК), пренесува „Макфакс“.
„Tри лица се уапсени и со нив се водат оперативно-истражни активности“, изјавил извор од НАК за агенцијата РИА и додал дека материјалите откриени кај лицата се однесени на лабораториско вештачење. Официјална потврда на оваа информација агенцијата не добила.
„За учество во подготовка на терористички акт се проверуваат околу 10 луѓе. Со нив работат истражните органи и се појаснува улогата на секој од нив“, изјавил, пак, полициски извор на агенцијата ТАСС. Засега не е објавено на која група припаѓаат осомничените.
„Во рамките на истрагата која ja спроведоа безбедносните органи, група луѓе е уапсена во западниот дел од Москва додека подготвувале терористички напад во главниот град“, се наведува во официјалното соопштение.
Во медиумските извештаи се наведува дека истрагата во стан на осомничените открила импровизирана експлозивна направа со речиси 4 килограми експлозив која е деактивирана. Поради тоа требало да бидат евакуирани над 120 луѓе.
OhridNews
извор:„Макфакс“