Израелската полиција ја уапсила оваа 95-годишна жена кога на патот на кој брзината била ограничена на 90 км на час возела 130 км на час. Полицајците многу се изненадиле кога виделе кој го вози автомобилот.
Пробувајќи да се оправда за брзото возење бабата изјавила дека кога видела дека патот е празен, едноставно ја стиснала гаста. Сега таа ќе одговара прекршочно и ќе остане без возачката дозвола еден месец.