Неодамна повеќе фирми кои се поврзуваат со Рамковски беа цел на истрага поради сомневање за евентуални финансиски малверзации.
Неофицијално покрај Рамковски уапсени се уште девет лица поврзани со работењето на неговите фирми, како и управители на истите. Полицијата трага по уште неколку лица кои засега се недостапни за органите на прогонот. Според непотврдени информации Рамковски и неговите соработници се товарат за перење пари, злосторничко здружување, затајување на данок и стекнување на против правна имотна корист.
Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски во вонредните вести на тв Сител, емитувани по полноќ изјави дека бизнисменот Велија Рамковски затаил данок во висина од 4.125 000 евра. Тој додаде дека постојат сомневања и за други криминални активности на Рамковски кои се предмет на кривичната пријава.
Во моментот на апсење Рамковски бил во друштво на неговиот сват, пратеникот Фијат Цановски, кој при гостувањето во дневникот на А1, ја критикуваше акцијата на полицијата.