Полициски службеници вчера го уапсиле Ф.Д.(30) од Кичево, кој се сомничи дека на 18 декември 2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која по 22-дневно лекување од повредите, починала вчера во Клиничкиот центар во Скопје.

На 10.01.2024 во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 починала, соопшти МВР.

Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews