Раперот Снуп Дог поради поседување марихуана бил уапсен во Норвешка веднаш штом неговиот авион слетал на аеродромот. Снуп бил уапсен пред два дена, а кај себе имал осум грама марихуана.
Бидејќи количините до 15 грама се сметаат за залихи за лична употреба, полицијата го ослободила откако платил казна од 2000 долари, пренеле локалните медиуми. Снуп во Норвешка отпатувал поради настап на фестивалот „Hove“.