Најбараниот човек на светот Салах Абделслам е ранет, а потоа уапсен во голема полициска акција вчера попладне во Брисел, јави Le Figaro, повикувајќи се на извори од полицијата.
Пукотници се слушале во квартот Моленбек, кој и претходно беше мета на противтерористички рации.
Салах Абделслам е еден од терористите што во ноември минатата година го организираа и изведоа терористичкиот напад во Париз.
Апсењето го потврди и белгискиот министер за внатрешни работи. Абделслам е уапсен во општинската зграда во квартот Моленбек-Сент-Жан, во предградијата на Брисел.
Белгискиот министер Шарл Мишел итно го напушти самитот во Брисел меѓу ЕУ и Турција.
OhridNews
Извор:„Макфакс“