Еден од двајцата најбарани воени злосторници од бивша Југославија од страна на Хашкиот трибунал, Радован Караџиќ, е уапсен во Србија, соопшти кабинетот на престедателот на Србија.


Радован Караџиќ и Ратко Младиќ

Специјалните полициски сили на Србија го лоцирале и лишиле од слобода Караџиќ, по кого судот за воени злосторства во Хаг трагаше од 1996 година.

Поранешниот претседател на Република Српска е обвинет по 11 точки, меѓу другото за непочитување на обичаите на војување, геноцид и злосторство против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина.

Караџиќ, заедно со генералите Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ се најбараните личности од судот во Хаг.Неофицијално Караџиќ е уапсен во елитната белградска населба Врачар.

Ohridnews