Селекторот на Велс Рајан Гигс денешниот ден ќе го помине во притвор, откако полицијата во Ворсли (град во близина на Манчестер) го лиши од слобода поради напад на лице односно неговата девојка.

Според очевидците кои раскажале за англиските медиуми, Гигс физички ја нападнал својата девојка Кејт Гревил која пријавила в полиција. Гигс прво бил испрашуван, а потоа полицијата му одредила мерка притвор за брзо расветлување на случајот.

Диего Марадона задржан во болница

Изминатива ноќ и следните неколку денови, Диего Армандо Марадона ќе ги помине во болница. Некогашниот капитен на „гаучосите“ бил задржан во болницата во Ла Плата поради нарушено здравје.

Првично се отрфлува заразеност со вирусот ковид -19, а Марадона најверојатно повторно користи наркотици.

OhridNews