Накула Басил Накула, американски државјанин со египетско потекло, кој како што се верува е продуцент на антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“ е уапсен поради кршење на прописите на условната слобода, пренесува „Макфакс“.
Накула (55) е уапсен во четвртокот, а федералниот суд во Лос Анџелес после тоа одлучи дека тој треба да остане зад решетки, бидејќи осум пати ја прекршил условната слобода, вклучувајќи лажење на службениците за условната казна и користење на лажни имиња, јавува АП.
Накула, кој користел уште десет имиња, меѓу кои и Сем Базил, во 2010 година е прогласен за виновен поради отворање на банкарски сметки врз основа на крадење на идентитетот и броевите на социјалното осигурување, а е осуден на 21 месец затвор.
Еден од условите за неговото ослободување во јуни 2011 година беше забраната за пристап на интернет и користење на псевдоними без дозвола на службениците.
Службениците се посомневале дека Накула ја прекршил условната казна кога на интернет поставил 14-минутен исечок од спорниот филм, во којшто се исмева пророкот Мухамед, за потоа да отворат истрага за неговиот случај, по што следело апсење, се наведува на веб страницата на руската телевизија „Раша тудеј“.
Сослушувањето во судот било затворено за медиумите и јавноста, а Никула ќе остане во затвор до следното заседавање на судот.
По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид Сто...
Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри з...
Доктори специјализанти од Охридско-струшкиот регион ќе бидат вработени во Општата болница Охрид со цел надминување на проблемот со недостиг на лекари Како што информираше директорот на Општата болн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.