Извршниот претседател на Динамо, Здравко Мамиќ, во сабота ќе биде
изведен пред Државното обвинителство, откако ноќта ја помина во притвор,
поради изречени навреди против министерот за наука, образование и
спорт, Жељко Јовановиќ.

Еден од неговите бранители, Мате Матиќ, за ХИНА вели дека Мамиќ сигурно ќе биде однесен на испитување, но не знае кога.

Институциите сметаат дека надлежно за случајот на Мамиќ, кој се товари
за поттикнување омраза и насилство е општинското, а не жупаниското
обвинителство.

Според обвинителството, Мамиќ денеска ќе биде сослушан, а Матиќ вели
дека нема ни една оправдана причина за притворот на Мамиќ, затоа што
изјавата е снимена, па немам како да се повтори делото.

Мамиќ во петокот беше приведен на информативен разговор во полиција
откако во етерот на Саундсет Плави радио изнесол навреди против
министерот Јовановиќ, за кој рекол дека е `хрватомрзец` и `Србин кој
никогаш не работел во просвета и спорт, освен што малку дигал тегови`.

Вербалниот исказ на Мамиќ наиде на осуда на јавноста, но неговите адвокати оценуваат дека се работи за политичка хајка.

Хрватскиот фудбалски сојуз најави покренување дисциплинска постапка
против првиот човек на Динамо и член на Извршниот одбор на Хрватската
напредна странка, поради кршење на Кодексот за однесување на фудбалски
работник.

Претседателот на Хрватска, иво Јосиповиќ, оцени дека изјавите на Мамиќ
се вулгарни и примитивни, а премиерот Зоран милановиќ вели дека тоа е за
осуда, но дека луѓето врз основа на тие изјави гледаат разлика меѓу два
света. За казненото дело за кое се товари Мамиќ, казната е три години затвор.

“Макфакс“