Поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози, е приведен на разговор во полиција поради истрага за финансиски нерегуларности на неговата изборна кампања.
Истрагата се води во врска со либиски финансирања на кампањата на Саркози во 2007 година, јавува „Ројтерс“, пренесува „Макфакс“.

Адвокатот на експретседателот на Франција не бил достапен за коментар.

OhridNews
извор: Макфакс