Поранешниот градоначалник на градот Геинсвил во американската држава Џорџија, 43-годишниот Марк Маселвајт парадирал гол во камп. По дојавите на граѓаните, полицајците го затекнале како седи на клупа и пие пиво. Се обидел да се извлече фалејќи се дека бил важна личност, но сепак го уапсиле.
Тврдел дека му било топло па пливал во блиското езеро за да се разлади. Не објаснил зошто седел гол на клупата. Републиканецот во 2000-та година е избран во градското собрание на Геинсвил, каде што поминал шест години. Бил и градоначалник, а во 2006-та година безуспешно се кандидирал за место во сенатот.