Еден јапонец е уапсен затоа што во последните 16 месеци 500 пати го свртел бесплатниот број на телефон од компанија за производство на храна, само за да го слуша женскиот глас снимен на лента.
Водоинсталатерот (38) поминал 3100 часови слушајќи снимен глас од другата страна на линијата што компанијата ја чинело 4 милиони јени (19500 фунти), изјавил портпаролот на полицијата од градот Такасаки, северозападно од Токио.
„Го возбудувал женскиот глас на корисничкиот сервис“, објаснил портпаролот на полицијата.
Додава дека на инспекторот кој ја води истрагата женскиот глас му звучел сосема нормално.