Шпанската полиција соопшти дека уапсила еден жител на Колумбија откако кај него бил пронајден сендвич со шунка и кашкавал, во кој исто така имало и нешто повеќе од 100 грама кокаин. Во соопштението на полицијата се наведува дека 29-годишниот колумбиец е уапсен на автобуска станица во летувалиштето на Средоземното море Бенидорм, под обвинение за шверцување дрога.

На фотографијата која ја објавила полицијата се гледа отворен сендвич во кој се наошаат девет мали пластични цилиндрични капсули со дрогам распоредени по шунката и кашкавалот. Полицијата во домот на уапсениот пронашла уште еден килограм кокаин и нешто марихуана, а исто така бил уапсен и неговиот цимер, 20-годишен колумбиец.