Тајландската полиција уапсила еден човек откако во гепекот на неговиот автомобил пронашла илјада, а во неговата куќа околу 10 илјади женски гаќи, од кои повеќето ги украл. Овој необичен колекционер на женска долна облека бил уапсен заедно со партнерот за време на една акција на полицијата во една зграда во Бангкок.
Човекот признал дека крадел и собирал женски гаќи уште од кога имал 18 години. Осомничениот ќе биде обвинет за кражба на имот, но не и за кражбите на гаќите, бидејќи досега никој не поднел пријава за кражба на долна облека.