Еден кинез е уапсен поради кражба на повеќе од 285 градници и 185 носени гаќички. Имено, тој во период од три години крадел долна облека со посебен стап за ловење риба кој самиот го направил, а полицијата започна со криминална истрага. Крадецот е уапсен во кинескиот град Лијанг, кога во неговото комбе е пронајдена голема количина долна облека, како и околу 102 парчиња облека.
Сета долна облека пронајдена кај крадецот е изложена на подот и зазема површина од половина терен за кошарка. Поради огромната количина облека полицијата реши да спроведе истрага и психолошко тестирање на човекот. Кон крајот на 2014 година, уште еден кинез од местото Гуанши бил уапсен поради кражба на повеќе од 2000 комплети женска долна облека од соседите.