Австралиската полиција запрела жена која возела автомобил бидејќи зборувала на мобилен додека го управувала автомобилот. Одела по сопругот кој полицијата го привела еден час претходно бидејќи возел со количество алкохол шест пати поголемо од дозволеното.
Се обидел да ги измами полицајците преместувајќи се на седиштето на совозачот, иако бил сам во автомобилот. Полицајците и направиле алкотест и на сопругата, и утврдиле дека и таа возела во пијана состојба. Сега тие заедно ќе одат на суд во Сиднеј.