Американската рап ѕвезда Пи Диди е уапсен синоќа во спортскиот комплек при универзитетот „UCLА“ во Лос Анџелес, каде неговиот син тренира фудбал, бидејќи удрил едно лице со тег за вежбање, соопштил универзитетот. Од универзитетот навеле дека лицето не се здобило со сериозни повреди и дека локалната полиција отворила истрага.

 

Пи Диди, чие право име е Шон Комбс, одведен е во притворската единица во Лос Анџелес. Локалните медиуми во САД пренеле дека Пи Диди напднал еден од тренерите во спортскиот центар. Шон Комбс е еден од најпознатите американски хип хоп музичари, а познат е и по тоа што промовирал многу млади рап ѕвезди како Мери Џеј Блејџ, Ашер и Лил Ким.