Британската полиција уапсила пар кој наводно имал секс во преполн вагон. Останатите патници кои патувале од Ливерпул за Лондон седеле во тишина, додека неименувана 41-годишна жена имала секс со својот партнер, 49-годишниот Грегори Сим.
Вработените од железничката компанија Вирџин на надзорните камери го виделе парот и го пријавиле во полиција. Грегори е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир, а жената е пуштена со кауција додека трае истрагата.