СВР Охрид, по претходно превземени оперативно-истражни мерки, синоќа од слобода го лиши лицето Димитрија Митрески роден 1953 година во с.Издеглавје,  поради основано сомнение дека  вчера во времето од 06,15 часот до 09,00 часот,  со 39 убоди од нож во семејниот дом ја лишил од живот неговата сопруга Стојка Митреска, соопшти СВР Охрид.
 
Врз убиената вчера попладне извршена е судско-медицинска обдукција, и констатирани се убоди со нож во главата, очите и вратот. Кај лицето Димитрија Митрески констатирани се повреди за кои постои сомнение дека самиот си ги нанел, пронајдена е неговата облека со траги од крв,утврдено е негово присуство на лице место при извршување на кривичното дело. Пронајден е ножот и утврдено е дека Димитрија Митрески имал   психичко растројство како и нарушени односи со сопругата, се вели во соопштениото од СВР Охрид.
 
Осомничениот, на полициските службеници од СВР Охрид како на стручните медицински лица  им дал изјави кои укажуваат на патолошка љубомора кон сопругата како и искази кои имаат за цел давање на сомненија дека кривичното дело го сторило друго лице.

извор:
МВР