Холивудскиот актер Николас Кејџ бил уапсен во Њу Орлеанс поради насилство во семејството. Американските медиуми навеле дека Кејџ е во притвор, а според информациите од службените акти, тој бил уапсен поради семејно насилство и нарушување на јавниот ред и мир. Засега не е познато што точно се случило и со кого влегол во конфликт.


Тој оваа година имал и други проблеми со законот, односно должел данок во висина од 600 илјади долари. Наводно во периодот од 2004 до 2009 година дарувал подароци на непознати лица во износ од 1,8 милиони долари, за кои не платил данок. Тој пред две години исто така должел данок во износ од 14 милиони долари, но за тоа го обвинил својот работодавец Сем Левин кој го тужел. Левин му возвратил со контратужба, но на крајот се спогодиле.