Пензионираниот американски полицаец беше ограбен од веројатно најглупавиот крадец во Пенсилванија на полициската конвенција на која учествуваа околу 300 чувари на законот.
Џон Кампарети изјави дека кога отишол во тоалет, непознат маж му вперил пиштол и му побарал пари. Овој му го дал мобилниот телефон и сите пари кои ги носел со себе.
Но кога крадецот почнал да бега, ограбениот полицаец и неговите колеги потрчале по него и го уапсиле додека влегувал во такси. Околу 300 полицајци од Пенсилванија и Охајо биле собрани на конвенцијата кога се случил овој интересен настан.