Холивудскиот актер Мајкл Медсен бил уапсен под сомнение дека насилно се однесувал по кавгата со својот малолетен син, соопштила полицијата во Калифорнија. Познатиот актер бил уапсен во својот дом во Малибу откако полицијата била повикана поради вревата.


Во соопштението било истакнато дека полицијата ги испитува наводите во кои се тврди дека Мајкл Медсен бил во алкохолизирана состојба кога го нападнал синот, но на момчето не му била потребна медицинска помош. Актерот познат по филмовите на Квентин Тарантино „Кил Бил“ и „Улични кучиња“, бил задржан во притвор од кој може да излезе ако плати кауција во износ од 100 илјади долари.