Полицијата денеска по дваесет месечна потрага го лиши од слобода поранешниот генерален директор на ЕСМ, Ламбе Арнаудов. Тој бил уапсен утрово во својот дом во Охрид, по што бил спроведен во затворот во Идризово.

Арнаудов е осуден на 4 години затвор поради злоупотреба на службената положба со што ја оштетил ЕСМ за повеќе милиони денари.