Полицијата на Лос Анџелес, откако една жена побарала помош, ја опколила куќата на познатиот рап музичар Крис Браун, кој по неколку часа и се предал на полицијата, јавија американските медиуми.

Медиумите во САД пренесуваат дека Мис на Калифорнија, Бејли Карен, побарала помош од полицијата, бидејќи Крис Браун и се заканувал со пиштол.

Додека полицијата неколку часа била пред неговата куќа, Браун постирал видео снимки на својот профил на Инстаграм.

„И така ја спијам, се будам и околу куќата има полиција, а во воздухот хеликоптери. Што саката од мене?“, говори Браун во видеото.

Потоа поставил уште една снимка во која се жали дека веќе е уморен од соработување и договарање со полицијата и дека тие се „најлошата банда во светот“.

„На секои три месеци доаѓате. Што е следно?“.

TMZ јави дека Бејли Карен е Мис Калифорнија за 2016 година.

На прес конференцијата властите соопштиле дека Браун соработува со полицијата и дека работат на случајот.

Познатиот музичар и е познат на полицијата, во 2009 година поради малтретирање во полиција го пријави Ријана и тогаш судот го прогласи за виновен. Тогаш тој доби петгодишна условна казна.

Браун заврши в затвор во 2013 година кога удри човек, а потоа избегал. Тој ја призна вината и во 2014 година кога нападнал еден фан, кој побарал да се слика со него.

OhridNews
Извор: Макфакс“