Британската полиција идентификувала, а потоа и уапсила еден крадец со помош на отпечаток од прстот на кутија со кекс, со кој се послужил за време на кражбата. Според локалните медиуми, крадецот кој имал 19 години негирал дека ја ограбил куќата на пензионер во Бирмингем, се додека не му биле прикажани доказите, кои откриле отпечаток од неговиот среден прст на кутијата со кекс.

За време на престојот во куќата, од која однел неколку предмети, вклучувајќи и три телевизори, момчето покрај кексот изел и една чинија со тестенини. Сега во затвор, каде ќе мине седум и пол години, ќе може добро да размисли за негативните страни на лакомијата.