Кристофер Чејни од Флорида бил уапсен откако полицијата открила дека без овластување поставувал разголени фотографии на интернет од познатите личности, меѓу кои била и актерката Скарлет Јохансон. Хакерот недозволено влегувал во меиловите на познатите личности и ги симнувал нивните приватни податоци и фотографии.


Тој сега најверојатно ќе се соочи со максимална затворска казна од 121 година. Во операцијата наречена ‘Hackerazzi’ било откриено дека Чејни провалил во меиловите на бројни познати личности, а планирал наскоро на интернет да лансира голи фотографии на Мила Кунис и Кристина Агилера.