Како што јавуваат српските медиуми, во Србија е уапсен Горан Хаџиќ, последниот по кого трага Хашкиот Трибунал за поранешна Југославија.

Хашкиот Трибунал го товари Хаџиќ за воени злосторства во Вуковар во 90-тите години од минатиот век, односно за прогонство на Хрвати од Источна Славонија, за убиства, мачење и грабежи на напуштени хрватски куќи.

Хаџиќ беше функционер на Сојузот на комунисти во Хрватска, по што премина во Српската Демократска партија и таму веднаш беше поставен за претседател на огранокот на партијата во Вуковар.

Хаџиќ исчезна во јули 2004 година од својата тогашна адреса во Нови Сад, откако Белград го прими обвинението од Хаг во кое е побарано и негово испорачување во рок од 72 часа.

OhridNews