Енрике Иглесијас е уапсен поради, според неофицијално информации, возење со неважечка возачка дозвола. Полицијата го сопрела за време на рутинска контрола на возачите во сообраќајот. Тој бил сопрен од сообраќаен полицаец од Флорида кој веднаш забележал нешто сомнително.

 

Имено, кога возилото сопрело, Енрике скокнал на задното седиште, додека неговиот сопатник се префрлил на возачкото седиште. Лицето кое се возело со него во автомобилот е обвинето за ненасилно попречување на спроведување на правда, додека Енрике е приведен поради неважечки документи.