Уапсен е главниот осомничен за нападите во Брисел, пренесоа белгиските медиуми, повикувајќи се на судски извори. Наџим Лахруи, за кој се претпоставува дека е мажот со капата на снимката од безбедносните камери на аеродромот Завентем, која синоќа ја објави белгиската полиција, бил уапсен во околината на Андерлехт. Двајцата терористи кои заедно со него туркаат колички со багаж на аеродромот беа именувани од белгиските медиуми како браќата Халид и Брахим ел-Бакруи.

Инаку, засега утврден е идентитетот од една од жртвите во вчерашните напади во Брисел. Тоа е Перуанката, 37- годишната Аделма Марина Тапиа Руиз, која живеела во Брисел и на аеродромот била со својот сопруг, Белгиецот Кристоф Делкамбе и со четиригодишните близначки Маурин и Алондра. Тие патувале за Њујорк кај нејзината мајка.

Едната од близначките поминала без повреди, а другата близначка и таткото се повредени.

OhridNews