Полицијата во Хонг Конг уапсила маж бидејќи наводно преку интернет ширел информации дека една банка ќе биде ограбена.

Портпаролот на полицијата, Отелиа Там, рекла дека полицајците уапсиле 34 годишен маж поради користење на компјутер за криминални дела. но сеуште не е покрената тужба против него.


Мажот наводно на форуми на интернет, ширел информации дека некој ќе ја ограби банката „Bank of East Asia“ и дека би било добо да се подигнат парите од сметката, што одреден број на луѓе тоа и го направиле.